Еврокомесарот Јоханес Хан ги повика политичките лидери во Македонија веднаш да почнат со спроведување на обврските од Договорот од Пржино затоа што тоа е единствениот начин да ја надминат најтешката политичка криза во земјата.

johanes-han-2ycx2gr4wettoivh36rk00

 

Во видео пораката Хан ги повика да постигнат нови компромиси зошто од тоа зависи европскиот пат на Македонија.

-Денес главен предизвик за вашите лидери е да ги исполнат нивните заложби спроведувајќи го договорот во добра волја и посветувајќи се во целост на Итните реформски приоритети. Лидерите мора да го стават интересот на земјата и иднината на граѓаните во фокусот на нивната работа затоа што земјата нема повеќе време за губење, изјави Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување.

Тој повтори дека кризата дополнително се влоши по објавувањето на прислушуваните разговори кои ги потврдија сериозните сомнежи и на Брисел за политичко вмешување и корупција на високо ниво. Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими не сакаше да го коментира овој став на еврокомесарот Хан, ниту содржината на извештајот. Но го оцени како објективен и задоволен е што препораката не е изгубена.

-Она што сакам да го истакнам е што исклучително е важно што оваа година се спомнува препораката за отпочнување преговори со Македонија за членство во Унијата. Важно е Република Македонија според содржината во Извештајот, да работи на имплементација на реформите како и на исполнување на политичкиот договор, изјави Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.

Бесими ќе подготви акциски за спроведување на бараните реформи. Според првичната анализа и споредба со земјите во регионот на неговиот секретаријат во Извештајот Македонија добила најлоша оценка единица или назадување во политичките критериуми, четворка за економијата, но во вкупната подготвеност е втора веднаш по Турција.

 

Слични содржини