Еврообврзницата е блокирана, владиниот тим се врати дома по неуспешното инвестициско роуд шоу.Откако се одложи издавањето на петатата макеоднска еврообврзница, поради писмото на СДСМ упатено до четирите банки агенти за продажба на обврзницата со кое ја оспори законитоста на постапката,Власта не се помачи многу за да ја увери јавноста дека процесот е законски и дека обврзницата сепак ке биде издадена. Министерот Миновски не одговара на прашањата на Телма а молчи и Министерството за правда кое според законот за јавен долг мора претхоно да даде правно толкување за задолжувањето.
pari_27

Груевски спасот го гледа во ДУИ вели Кире Наумов од СДСМ.Сега ќе бараат мислење за правната важност на целата постапка од страна на Министерството за правда па тоа ке го презентираат пред адвокатите на банките,тоа е веке кршење на процедурата, еврообврзницата мора да се издаде по постапка како во 2015,додава тој

Наумов тврди дека на земјата не и е потребно задолжување од 650 мил евра, пари за пензии и плати има а власта има од каде да крати.Пари во буџетот има, задолжувањето е за корупција и криминал,вели тој.Може да скратат 18 милиони евра од Панорамското тркало,5 милиони евра од барокните фасади или да се продаде мерцедесот на груевски од 600 000 евра.

По првото неуспешно издавање на еврообврзницата ,нејзината цена најверојатно ке се зголеми но причината вели Наумов нема да биде писмото до Сити груп,Дојче Банк,Ерсте банк и Сосиете женерал туку сомнежите за злоупотреба на средствата од ИПА, дефицитот во буџетот,фактот што после 21 год мисијата на ММФ ќе нема свој постојан претставник. Министерството за финансии вчера преку соопштение тврдеше дека процесот е кристално чист од законски аспект.

“Во финалната фаза на процесот се постигна огромен интерес на страната на инвеститорите и по обемот на средства и по условите заиздавање на еврообврзницата.

Слични содржини