(ВИДЕО) Ферги се извини за фалш пеењето

од Vladimir Zorba

Минатата саботна вечер Ферги го изневери националниот тим пред натпреварот во НБА-лигата.

Џез интерпретацијата на пејачката најблаго речено не им се допадна, па дури и се појавија коментари дека многу голем дел од изведбата била лажна.

Самата пејачка ја презеде одговорноста и официјално им се извини на навивачите и гледачите на натпреварот.

“Секогаш ми било чест и сум била горда да ја исполнувам химната и сакав да пробам нешто посебно за NBA”, рече таа во официјалното соопштение.

“Сакам да ризикувам, но очигледно ова искуство не го постигна саканиот тон. Ја сакам оваа земја и навистина се обидов да сторам се ‘, рече Ферги.

За време на изведбата, камерата доловува некои интересни реакции од гостите и гледачите на натпреварот во толпата.

Слични содржини