(ВИДЕО) Финансии: Субвенции неможат да се исплатат поради изборниот закон

од Vladimir Zorba

Се огласи министерот за финансии Кирил Миноски – главна пречка за исплатата на субвенциите за земјоделците е Изборниот законик, информира ТВ24.

Нема одговор дали Миноски ќе прифати средба со земјоделците за лично да им соопшти зошто исплатата е закочена. Инаку според членот од законот не смее да се врши исплата на субвенции до формирање на нова Влада, која се уште не е формирана.

„Главна пречка за исплатата на субвенциите се одредбите од Изборниот законик. На земјоделците од 2006 до 2016 година им се исплатени милијарда и 55 милиони евра субвенции, пред тоа тие воопшто не добиваа субвенции.Секогаш кога има можност Министерството за Финансии им излегува во пресрет на земјоделците“. – велат од министерството за финансии.

Денеска и министерот за земјоделство Михаил Цветков призна дека исплатата се проблематизира поради Изборниот законик, но уверува дека решение ќе се најде. Отфрли да лицитира со прецизни рокови кога ќе легнат парите на сметките на земјоделците. Но ,тврди пари има, а проблемот е во спротиставеноста на Законот за земјоделство и на Изборниот законик. Цветков најави дека ќе побара средба со министерот Миноски.

Целиот текст можете да прочитате тука

 

Слични содржини