(ВИДЕО+ФОТО 18+) Сензационално: Го покажаа крвавиот терорист од Лондон

од desk2

На интернет мрежата се појави слика од терористот кој со џип влета меѓу цивили на мост во Лондон, а потоа со нож прободе полицаец пред зградата на британскиот парламент.
Мажот беше ликвидиран од вооружен службеник на редот откако упадна на територијата на парламентот.

Според последните податоци, напаѓачот можеби е жив. Британските медиуми јавуваат дека еден час по нападот болничари му давале интензивна медицинска помош на мажот, за кој се смета дека можеби е напаѓачот.

Потоа тој бил ставен во возило на итната брза помош и префрлен во медицинска установа. Весниците “Дејли Меил” и “Мирор” раширија фотографии, на кои, како што се претпоставува, полицајци го опколуваат телото на елиминираниот напаѓач.

Исто така се појави слика и на ножот на напаѓачот.

Според последните податоци, напаѓачот бил застрелан 3 пати. Во болниците на Лондон им е укажана медицинска помош на најмалку десет повредени. Една жена била извлеченат жива од реката Темза.

Се претпоставува дека таа скокнала во реката, за да се спаси од џихадистот. Тројца од повредените се француски студенти. Во моментот е потврдена смртта на две лица. Претходно беше соопштено дека терористот удрил во најмалку 12 лица на Вестминстерскиот мост. Тоа е моментот кога се слушаат истрелите, со кои е застрелан напаѓачот.

 

 

Слични содржини