(ВИДЕО+ФОТО) Автомобил удри во муслимани во Њукасл, додека славеле Рамазан Бајрам

од Vladimir Zorba

Автомобил удри во луѓе додека го славеле Рамазан Бајрам. Инцидентот се случил околу колеџот во британскиот град Њукасл, информира Дејли стар, кој додава дека има петмина повредени.
Меѓу настраданите може да има и деца.

Инцидентот се случил набргу по 9 часот по локално време, соопштуваат од полицијата.

Според зборовите на очевидци, автомобилот се втурнал во муслиманите, кои се враќале од утринска молитва.

Во вој момент верзијата за атентат не се разгледува. Полицијата приведе 42-годишна жена.

Инцидентот се истражува за да се утврди што точно се случило.

Слични содржини