(ВИДЕО+ФОТО) Џихадист на ИД се обидел да избега од Мосул преправен во жена, но заборавил на брадата и мустаците

од Vladimir Zorba

Обидот на џихадист на ИД да избега од Мосул, преправен во скромна дама, е крунисан со неуспех. Терористот е фатен, бидејќи заборавил да ја избричи брада и мустаќите, пишува “Дејли Меил”.

Тој се обидел да побегне од поранешното упориште на ИД, откако ирачките сили ја вратија контролата врз градот. Џихадистот се облекол во женска облека и си ставил соодветна шминка, но брадестиот човек заборавил да  ги тргне влакната од лицето.

Фотографии, објавени по неговото апсење од страна на ирачката армија говорат дека мажот бил виден со бела пудра, а ставил и сенка и кармин. Но, големите мустаќи, брада, како и огромните веѓите, го издале.

На други слики се прикажуваатт други џихадисти, облечени во градници, кои се обиделе да минат долж ирачките патроли.

Во меѓувреме стана јасно дека Стариот град на Мосул има густа мрежа од тесни улици меѓу домовите,а е срамнет со земјата како резултат на многомесечната опсада на градот, со цел и негово ослободување од ИД. Ефектот на битките се гледа најмногу на сателитски снимки во стил “пред и сега”.

Слични содржини