(ВИДЕО+ФОТО) Голем пожар во Шпанија гори – стотици евакуирани

од Vladimir Zorba

Најмалку 1.500 лица се евакуирани поради голем шумски пожар во Јужна Шпанија, пренесе “Франс прес”.

Пожарот избувна синоќа во југозападната општина Могер. Тој веќе стигнал до природниот парк Доња, кој е вклучен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.

Неколку специјално опремени авиони се мобилизирани за гаснење на пожарот.

Властите засега не посочуваат каква површина е погодена од пламенот, бидејќи пожарот продолжува да е надвор од контрола.

Шпанија е зафатена од раната суша и во неколку региони во земјата е прогласен максимален ризик од пожар. Голем дел од нив се во провинцијата Уелва каде избувна пожарот.

Во соседна Португалија 64 лица загинаа, а над 250 се повредени во шумски пожари, кои беа совладани во четвртокот.

Слични содржини