(ВИДЕО+ФОТО) “Исламска држава” ја разнесе Голема џамија во Мосул

од Vladimir Zorba

Борци на “Исламска држава” со експлозив ја кренаа во воздух џамијаата “Ал Нури” и коса минаре “Ал Хадба” во ирачкиот град Мосул. Премиерот на Ирак Хајдер ал Абад ги нарече овиее активностите на џихадистите како “официјално прогласување пораз”.

Симболиката во уништувањето на џамијата доаѓа од фактот дека токму во неа на 4 јули 2014 година. лидерот на “Исламска држава” Абу Бакр ал Багдади најави создавање на калифат, кој се протега на територија во Сирија и Ирак. Мосул беше и еден од двата главни града на џихадисти, заедно со Рака во Сирија.

Офанзивата на ирачката армија, помогната од Западната воена коалиција против ИД, постепено доведе до речиси целосен пораз на џихадистите во градот. Во моментов од нив останале 500 кои се забарикадирани во Стариот град на Мосул, чиј улици се минираин.

Џамијата датираше од 12-тиот век и е познат како Големата џамија во Мосул. Таа носи името на сунитскиот муслимански лидер Нур ад Дин Занки, кој издал заповед за нејзина изградба. Команданата на операцијата за прогонувањето на “Исламска држава” од Мосул, започна во октомври 2016година.

Истовремено борците поврзани со ИД за новинска агенција “Амак” обвинија американски авиони ја бомбардирале и ја уништиле големата џамија. Западната коалиција негираше дека извршила сличен удар. Американскиот генерал-мајор Џозеф Мартин, кој командува обединетите сили на меѓународната коалиција, изјави дека одговорноста за уништувањето на џамијата е на ИД.

Како во Мосул, џихадисти се притиснати и во другиот голем град на калифатот Рака. Таму борци на курдско-арапските Сириски демократски сили, повторно поддржани од САД, влегоа во градот во почетокот на овој месец и почнаа постепено да го ослободуваат.

Иако и двете операции се во својата финална фаза, исламистите до последен момента се бранат жестоко. Загубата на нивните главни градови не значи и крај на “Исламска држава”. Групата продолжува да контролира други територии во Сирија, Ирак, Авганистан и Јемен. Поврзани или под влијание на неа борци пак продолжуваат да бидат активни на други места во светот, преку терористички напади.

Слични содржини