(ВИДЕО+ФОТО) Конечно слобода: Радосна женa ја симна бурката по ослободувањето на Ракка некогаш главен град на Исламска држава

од desk4

Жена беше снимена како ја симнува бурката откако нејзиниот роден град беше ослободен од Исламска држава.

Ова се случува во услови кога војниците прават напори борејќи се со исламистите, да ја воспостават контролата врз Ракка, сметан за главен град на терористите во Сирија, пишува Дејли мејл.

Видеото беше дистрибуирано од тимот за заштита на луѓето. На него се гледа како непозната жена ги гушка војниците и ја бакнува земјата. ИД го држеше градот под контрола од 2014 година.

Таму исламистите строго го наметнаа шеријат. Мустафа Бали од курдските Сириски демократски сили изјави дека денес беснеат улични битки и се водат во близина на главната болница во Ракка.

СДС ја почнаа операција за заземањето на последниот џеб на исламисти во Ракка, откако околу 275 терористи и нивните семејства се предадоа. Активистите изјавија дека оние кои се предале, се однесени во затвор на УДФ во блискиот град Табка, каде што ќе бидат сослушани и судени.

Слични содржини