(ВИДЕО+ФОТО) Мадрид пред граѓанска војна: Каталонија сака ЕУ да ја осуди Шпанија, Брисел за сега молчи, над 465 жртви од бруталноста на полицијата, употребено гумени куршуми и топки

од Vladimir Zorba

Каталонија сака ЕУ да ја осуди Шпанија за нарушените човекови права, но- Брисел за сега молчи. Има над 465 жртви од бруталноста на полицијата, која употреби гумени куршуми и топки против мирното население.

Каталонските власти воспоставиле контакт со Европска унија и побарале од неа официјално да ја осуди Шпанија за повреда на основните права и слободи на каталонците во текот на денешниот референдум за независност, објави на прес-конференција Раул Ромева – шеф на одделот за надворешни работи на Каталонија.

Важен момент е и тоа дека нарушувањето на овие права и слободи на каталонците станува преку употреба на паравоени полициски сили – Граѓанската гарда, дополни Ромева.

 

Според неа Владата на Шпанија го прекршила член 7 од Лисабонскиот договор, кој ја формулира приватноста на демократските права и слободи во земјите од заедницата.

Во меѓу време шпанските медиуми грмат: Каталонија е во граѓанска војна! Обсервер јавува полицијата тепа жени, стари и деца.

Бројот на жртвите на полициските судири за време на референдумот во Каталонија достигна 460. Ова го изјави градоначалникот на Барселона, Ада Колау, а некои медиуми ги опишаа настаните што се случуваат во Шпанија како граѓанска војна.

Повеќе од 460 лица се повредени во Каталонија. Како градоначалник на Барселона, инсистирам на тоа веднаш да прекине полициската акција врз беспомошна популација , вели Колау на Твитер профилот. Одделот за здравство на Каталонија, од своја страна, пријави 465 жртви.

Шпанската министерка за внатрешни работи открива дека три лица се притворени, вклучувајќи и малолетник поради непочитување на референдумот.

Координаторот на француското движење OUI au Pays Catalan (OPC) Жорди Вера, кој присуствуваше на референдумот како набљудувач, објави дека полицијата пројавува насилство, кое го опишува како незамисливо и го опишува ужасот од денешниот ден во Барселона: Тие тепаат старци, деца, жени.

И покрај сето ова веќе над 50% од Каталонците веќе гласаа , раскажува тој.

Полицијата во Барселона соопшти дека успеала да земе под контрола поголем дел од 2215 гласачки места каде се одвува гласањето за референдум.

Од своја страна власта во Каталонија тврди дека гласањето поминува успешно во 96% од избирачките делови.

Светските медиуми ја идентификуваа бруталната полициска акција како без преседан.

Во Каталонија се употребуваа гумените куршуми и топки против мирното население.

Слични содржини