(ВИДЕО+ФОТО) НАСА објави достигнување: Гејзери откритие на други форми на живот во нашата галаксија

од Vladimir Zorba

Телескопот “Хабл” успеа да сними уникатни кадри.

1474923517-maxresdefault-1

Можно е да има водни испарувања на еден од сателитите на Јупитер. Тоа го објави на специјална прес-конференција вчеа НАСА. Благодарение на телескопот “Хабл” Агенцијата веќе поседува исклучителни кадри на еден од сателитите на Јупитер – Европа.

Телескопот пренесени слики од гејзери на површината на сателитот на планетата, соопштија од НАСА. Откритието ги потхранува надежите за откривање на други форми на живот во галаксијата, бидејќи каде има вода, таму има и живот. На кадрите се гледа активност сличен на гејзер. Тоа е клучен доказ дека под површината на сателитот има океан.
Така практично се зголемува можноста за време на мисиите до Европа да се земаат мостри од океанот без да мора да се пробива дебелата ледена обвивка.

Се смета дека водената пареа се издига на околу 200 километри над површината на сателитот на Јупитер, по што би можело да се враќаат назад кон површината во форма на дожд.

Претходно оваа година истражувачите дури проценуваа дека евентуалниот хемиски баланс на океаните на Европа би бил исклучително близок до оној на земните, претпоставувајќи дека на Месечината океаните имаат доволно водород и кислород за формирање на живот.

Обично повеќето течности, кои се наоѓаат на такво далечно растојание од Сонцето, би биле замрзнати, но се смета дека Јупитер има толку силно гравитационото поле што создава доволно приливи на иенергија која ги држи океаните во постојано движење, кои спречуваат да се покријат со мраз .

Ако присуството на гејзери биде потврдена, Европа ќе биде вториот сателит во Сончевиот систем, за кој е познато дека има гејзери со водена пареа.
НАСА објави и идна мисија до сателитот на Јупитер, која може да го потврди присуството на гејзери.

Слични содржини