(ВИДЕО+ФОТО) Новата “Волга” ги восхитува американските експерти

од Vladimir Zorba

“ГАЗ” го претстави концептот на Волга 2020. Компанијата планира да ја прероди легендарната марка со еленче на предниот капак со која ќее возат стопански и партиски шефови.

Наводниот изглед веќе го ценат американските експерти. Тие сметаат дека ако проектот биде реализиран, тогаш тоа ќе биде вистинска конкуренција на аналогните примероци на пазарот, соопшти 360tv.ru.

Иако концептот е привлечен за потрошувачите, многумина се сомневаат во способноста на компанијата да спроведе таков проект. Возилото има големи панорамски прозорци, LED светла и хромирана завршница. Внатрешноста на автомобилот е со две бои.

Намерата да го заживее легендарниот бренд стана познат уште пролетва оваа година. Производството на Волга беше прекинато во 2008 година.

Меѓутоа, шефот на корпорацијата “Русские машини, која произведува автомобили на групата ГАЗ, сепак, смета дека на холдингот му недостасува автомобил од средна класа. Според него новата “Волга” е токму таков автомобил, кој освен тоа се има шанси за сигурноа и сериозно производство.

Слични содржини