(ВИДЕО+ФОТО) ОБНОВЕНА: Најмалку 240 загинати, спасувачите трагаат под урнатините на земјотресот

од Vladimir Zorba

   Мексико- Најмалку 224 луѓе загинаа во вчерашниот земјотрес што го погоди Мексико со интензитет од 7,1 степен според Рихтерова скала, соопшти националната агенција за цивилна заштита.

– Најголем е бројот на жртви во државата Морелос јужно од главниот град каде се загинати 55 луѓе, изјави Луис Фелипе Пуенте, директор на Агенцијата.

Во вчерашниот потрес најмалку 21 дете загинаа, а други дваесетина се водат како исчезнати.

– Во основното училиште „Енрике Ребсамен“ загинаа 25 лица, од кои 21 дете, изјави мексиканскиот заменик министер за образование Хавиер Тревињо.

Во главниот град Мексико Сити загинале најмалку 50 луѓе. Триесет и две лица го загубиле животот во државата Пуебла, додека три лица загинале во државата Гереро.

Десетици згради се урнати во густо населен реон на мексиканскиот главен град и спасувачки тимови се во потрага по преживеани. Милиони домаќинства се без струја од земјотресот што го погоди Мексико во 13:14 минути по локално време.

Градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Анхел Мансера изјави дека 44 згради се урнати или оштетени додека некои се зафатени од пожари. Епицентарот на земјотресот бил на границата меѓу државите Пуебла и Морелос на длабочина од 51 километри.

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието за денеска свика итна седница на националниот Комитет за вонредни ситуации.

 

(Видео) Мексико: Најмалку 240 загинати, спасувачите трагаат под урнатините

 

Гувернерот на државата Грако Рамирез рекол дека 12 лица настрадале во градот Хохтла, а четири во главниот град на оваа сојузна држава Куернавака, во кој живеат 350.000 луѓе.

 

 

Вчерашниот земјотресот се случи само неколку часа по завршувањето на комеморацијата во сеќавање на жртвите од земјотресот со интензитет од 8,0 степени според Рихтер, што го погоди Мексико Сити во 1985 година, во кој животот го загубија повеќе од 10.000 лица.

 

Ова е втор силен земјотрес во Мексико овој месец, по оној од 7 септември со интензитет од 8,1 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Чијапас, При потресот загинаа 98 лица, а над 300 беа повредени.

Слични содржини