(ВИДЕО+ФОТО) „Офелија“ го обои сонцето во црвено и ги исфрли на плажите смртоносни медузи

од desk4

Исклучително редок феномен предизвикан од ураганот Офелија, истовремено ги воодушеви и ги стаписа жителите на јужниот дел на Велика Британија. Крваво црвено сонце се појави на небото над многу британски градови, вклучувајќи и над престолнината Лондон.

Синоптичар на Би-Би-Си ја смири јавноста дека невообичаена боја на сонцето се должи на ураганот Офелија, кој носи тропски воздух и прашина од Сахара. Токму правот го прави тоа небото да изгледа заматено, а сонцето – црвено.

Правот пак е последица на огромни пожари во Иберија, а неговите останки биле донесени од Офелија.

Во меѓувреме, медиумите во Ирска објавија дека ураганот Офелија ја зел својата втора жртва. 30-годишен маж во округот Tipperary починал, обидувајќи се да го премести откорнатото дрво. Близу 120.000 домови останаа без струја, училишта беа затворени, а паднати дрвја од стихијата го блокираа сообраќајот на патиштата и мостовите. Освен црвено сонце, разурнувања жртви на Офелија беа смртоносните медузи, кои беа исфрлени на плажите.

Брегот на Тенби е буквално испрекинат со сите видови мекотели, известува The sun.

Медуза во Портсмут и во Бурнемут.

Крајбрежната стража ги предупредува луѓето дека медузата може да биде смртоносно опасна. Но, ова не ги спречува Британците и еден по друг, да ги сликите на убавите лебдечки медузи.

Слични содржини