(ВИДЕО+ФОТО) Пекинг за првпат ги покажа нуклеарните подморници

од Vladimir Zorba

За прв пат во својата историја, кинеската армија објави снимки на своите нуклеарни подморници, кои се опремени со ракети. Пропагандното видео ги покажува подморниците, за кои се верува дека се од типот 092.

Тие се дизајнирани и изградени целосно во Кина и се првите нуклеарни подморници на земјата. Во видеото уште може да се види како војници истрелуваат балистичка ракета од подморница.

Клипот беше емитувана на кинескиот воен канал Ba Yi TV на 22 април. На кадрите се гледа уште ентериерот на подморницата и како војницте ги исполнуваат своите обврски. За предметните подморници се знае многу малку.

Според јавната информации тие носат 12 балистички ракети Јуланг 1, произведени во Кина. Должината на летот им е околу 2.000 километри. За ова цел биле потребни 11 години и 34 милијарди фунти за изградба на подморниците, кои во 1970-те години на минатиот век беа едни од најголемите турбулентни времиња во модерната историја на Кина, кога земјата доживеа културна револуција.

Tипот 092 е првата целосно изградена од Кина нуклеарна подморница. Се проценува дека четири такви подморници се базирани во Кингдао во провинцијата Шандонг. Во 1988 година од подморницата успешно е истрелана балистички ракети ЈУланг 1. Подморницата е долга 120 метри и 10 метри широка. Може да биде ангажиран до 300 метри длабочина.

Слични содржини