(ВИДЕО+ФОТО) Први фотографии и видео снимка од новиот кошмарен напад во Хејделберг!

од desk2

Први слики од местото каде што се случи шокантниот напад во германскиот град Хејделберг, кои ги размножија очевидци преку социјалните мрежи. Се гледа возилото, со кое маж се обиде да прегази пешаци.
Според податоците од полицијата, тој се насочил со автомобилот во група луѓе. Три лица се повредени. Потоа се обидел да избега од местото, мавтајќи со нож. Тогаш бил застрелан од полицијата и однесен во болница.

Инцидентот се случил на централниот плоштад во Хејделберг околу 16 часот по локално време. Возачот на црната кола се влетал меѓу луѓе кои чекале во ред пред пекарница. Во приказните на очевидците, тој тоа го направил намерно, пренесе RT.

Додека се обидувал да избега, мажот бил запрен од полициска патрола. По кратка престрелка тој бил застрелан. Повредите му се тешки.

Слични содржини