(ВИДЕО+ФОТО) Први кадри од: Вонредната тревога во руските касарни

од Vladimir Zorba

1472124699-1 (1)

Војските на Јужниот, Западниот и Централниот воен округ на Русија утринава, како што веќе информиравме започнаа да се движат кон зададените маневарски позиции, веднаш по одлуката на претседателот Владимир Путин за вонредни воени маневри.

1472124699-2

Копнени делови и други единици, како и главните команди на ВДВ, ВКС и Северната флота беа донесени во целосна борбена готовност во согласност со одлуката на командантот, претседателот Путин, велат руските медиуми.

Почетокот на проверката ја најави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој ги извести странските воени аташеа во Москва дека ќе бидат информирани за текот на маневрите.

Една од главните цели на учењето е “проверка на подготвеноста на војниците во кратки рокови да се најдат на југозападниот стратешки правец за локализација на кризни ситуации”, пренесува ТВ Ѕвезда.

1472124699-3

“Во текот на регрупирањето ќе се процени подготвеноста на Јужниот воен округ и да се заземе граничната линија, во кратки рокови – доволно група на војска да ја локализира кризната ситуации. Се поверуваат и можностите на Западниот и на Централниот воени округ со цел да концентрираат сили и средства за потребите на југозападнатата стратешко насока”, изјави рускиот министер.

1472124699-4

Планот предвидува денес да биде спроверена способноста на војниците да ги вршат предвидените настани во полна борбена готовност. Последователно едниците ќе излезат на полигонот каде што ќе вршат одредени задачи до 31 август паралелно со подготовката за стратешкатавоена вежба “Кавказ-2016”.

 

https://youtu.be/68c983x0Z6o

Слични содржини