(ВИДЕО+ФОТО) Речиси невидена бура ја погоди Британија

од desk2

Моќната бура “Дорис”, беснее во Велика Британија, таа веќе зеде една жртва. Жена од градот Вулврхемптон загинала на место, откако дел од покрив се урнал врз нејзината глава.


Природната стихија ја удри земјата со силни ветрови и врнежи. Најсилно погодена е Шкотска, пренесе ББС. Еден од автопатите е непрооден поради снегот и многуте напуштени возила од страна на возачите, кои ги оставиле на патот.

Синоптичарите предупредуваат дека во Шкотска ќе натрупа 20-30 см снег.

Налетот на ветрот достигнува до 42 m / s. Тоа беше причина за откажување и доцнење на летови и возовите во цела Велика Британија.

Околу 3500 домаќинства останаа без електрична енергија.

Во англиските окрузи Чешр и Линклншр на темно останаа околу 1.500 домови.

Во Северна Ирска околу 8000 домаќинства исто така се без струја.

Слични содржини