(ВИДЕО+ФОТО) Силна експлозија вечерва ја потресе Анкара: Луѓето во паника

од Vladimir Zorba

 

Силна експлозија вечерва го потресе центарот на главниот турскиот град Анкара. Есплозијата се должи на гас. Екслодирал апарат за домаќинство, прецизира Хабер Турк.
Луѓето од регионот велат дека има руинирана куќа. Некои, дури во паника сугерираат дека е нов терористички акт.

Според истражните органи кои пристигнале на местото на настанот не станува збор за напад, туку за експлозија на гас или експлодирн апарат за домаќинство, прецизира Хабер Турк.

Инцидентот во главниот град на Турција, се случил во стан во населбата Чанкаја.

Според првичните информации од компресија на природен гас во станбена зграда на третиот кат настанала силната експлозија.

На местото има многу полиција, противпожарни и медицински екипи. Првичните информации велат дека има тројца повредени, но тие не можат да се потврдат. Но, затоа граѓаните во паника споделуваат стравични фотографии.

Слични содржини