(ВИДЕО+ФОТО) Тинејџер направи изум и освои … 730 илјади долари

од Vladimir Zorba

14-годишен ученик од Индија доби импресивната сума од 50 милиони рупии или 730 илјади долари од зделка со индиската влада која го обезбеди неговиот изум за откривање на мини од воздухот преку посебен дрон, информира “Мирор”.

Летечкиот уред на Харшвардхан Зала Дом од градот Гужарат може да спаси илјадници животи, бидејќи открива и уништува на нов и ефикасен начин скриени под земја и невидливи за луѓето оружја, кои сеат смрт.

Наводно, иновација на момчето е подобро од сето она што се користи во моментов од армијата во земјата. Ученикот почнал да се занимава со прототип на специјалниот дрон минатата година откако прочитал за големиот број смртоносни инциденти предизвикани од скриените мини.

Радосниот Харшвардхан, чиј татко е сметководител, вели дека секогаш го привлекувала науката и иновациите и дури создал сопствена фирма, Aerobatics 7, преку кој тој има намера да направи уште пронајдоци за во иднина.

Ученикот објаснува уште: “Првично создадов робот за откривање на мини, но сфатив дека поради сериозноста тој ќе се запали и затоа што ќе носи и разурнувачки материјали, еве зошто решив да направам дрон, кој ќе ги открива објектите од безбедно растојание”.

Дронот како прво ја детектира мината преку инфрацрвен сензор, а потоа со детонаторот, кој тежи 50 грама ја уништува.

Слични содржини