(ВИДЕО+ФОТО) Топмоделот Хане Габи Одиел урна табу, призна дека е …интерсексуална, родена со недораснати тестиси

од Vladimir Zorba

Белгискиот топ модел Хане Габи Одиел откри дека е интерсексуална, за да се нарушат табуата на темата, објави ББС. Таа досега поради ова претрпе две операции како дете и како тинејџерка. Таа е родена со недораснати тестиси, кои и биле отстранети, кога била на 10 година. Операцијата била неопходна бидејќи докторите предупредиле дека тие можат да предизвикаат рак.
Интерсексуалните луѓе се раѓаат со мешани машки и женски полови карактеристики. Состојбата влијае кај 1,7% од населението на светот, посочуваат податоците на ОН.

Хане Габи Одиел е родена со синдром на андрогенот на нечувствителност, при кој ХY хромозомите, кои се карактеристични само за момчињата, е достапе и во женскиот организам.

“Многу е важно за мене да го скршам тоа табу. На оваа возраст би требало да е сосема соодветно да прозборам за неа. Во даден момент по операцијата знаев дека нема да имам деца. Немав месечен циклус. Нешто не беше во ред со мене”, рече таа.
На 18 години беше втората операција за реконструкција на вагината. Но моделот рече дека таа бил истрауматизирана. Затоа Одиел сака да ги заштити другите родители од грешката да ги подложат на непотребни операции своите деца.

“Не е кој знае каков проблем да бидеш интерсексуален. Ако тие беа искрени од самиот почеток. Интерсексуалността ми се претвори во траума, заради тоа што тие го направија”, додаде Одиел, цитирана од агенциите.

Сопругот на Одиел, Џон Свјатек, кој исто така е модел, рече дека е исклучително горд со нејзината одлука да проговори.

Слични содржини