(ВИДЕО+ФОТО) Во манастир откриени тајни тунели на “Исламска држава”

од Vladimir Zorba

Каремлаш е едно од двете асирски христијански села кои ирачката армија ги ослободи во последните три дена.

1477460659-untitled-1

Видео снимката, распространета на интернет покажува тунели, кои биле користени од џихадистите на ДАЕШ (Арапски акроним за “Исламска држава”) во манастир во ослободеното село Каремлаш, на околу 30 километри од Мосул.
Војници од ирачката армија утврдиле дека делови на манастирот биле користени како скривалишта, кога селото било под контрола на терористичката група. Кадрите го покажуваат и отец Паоло Табит, свештеник кој избегал во 2014 година и сега е прв кој се враќа во манастирот и става крст, за да го одбележи враќањето. Каремлаш е едно од двете асирски христијански села кои ирачката армија ги ослободи во последните три дена.

Тунелите на ИД се класична тактика во герилска војна, пишува Би-Би-Си (BBC). Тие изгледа се користат првенствено како одбранбен објект, наменет за заштита на екстремистите од воздушни напади, артилерија и други напади. Тунели често се ископани под згради, вклучувајќи џамии, па копањето останува незабележано. Но тунелите може да се користат за изненадувачки напади.

Еден од најдраматичните моменти поврзани со овие тунели бил снимен на видео, пишува медиумот. На кадрите се гледа како џихадисти од ДАЕШ се искачуваат во тунел и излегуваат во рурална област, потоа отворат оган кон војниците, кои до овој момент веројатно мислеле дека се наоѓаат на безбедно место. Потоа еден маж експлодира пред војниците да успеат да реагираат.

Се претпоставува дека ваквата мрежа од тунели постои и во градот кој екстремистите прогласија за своја престолнина – Мосул.

Тоа ќе им овозможи на џихадисти и нивните лидери да се сокријат во текот на очекуваниот напад и да избегаат, ако тоа биде потребно. Војниците пронашле стапици во отворените досега тунели кои терористите биле принудени да ги напуштат, вклучувајќи еден кој бил прикачен на копија на Куранот.
Стапицата е уред или комбинација од уреди кои се наменети да убиваат, повредат или едноставно да изненадат човек кој сам го активира капакот со своите дејствија.
Често овој вид стапици се прикачени на нешто што го привлекувца вниманието на жртвата.

Слични содржини