(ВИДЕО) Фрчкоски: Претседателот нема мандат да побара сигурни потписи

од desk2

Од Беса и од Алијансата за Албанците, кои заедно имаат осум пратеници, веќе најавија дека тие ќе им ги дадат потписите, а потоа ќе преговараат за Влада, информира Телма.

Со собраните минимум 61 потпис, Заев треба да го побара мандатот од претседателот Ѓорге Иванов, кој постави и уште два услова, заштита на државните интереси на Македонија, и системска реформа, во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност. Овие негови барања предизвикаа бурни рекации.

Експертите укажаа дека Иванов, со своите барања за потписи излегува од своите надлежности, и ја одолговлекува постапката за формирање Влада. Ова го потврди и професорот Љубомир Фрчкоски, во вчерашното гостување на Топ Тема. /Телма

Слични содржини