Веќе втора недела, Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, протестира против неемитувањето на МРТ на „бомбите“ на опозицијата кои содржат податоци за криминал и корупција на функционерите на власта. Денеска, пред Јавното обвинителството тој соопшти дека имал средба со генералниот секретар на Јавното обвинителство-објави А1он.

– Тој ме извести дека во наредните неколку дена ќе бидам примен од нелегитимниот јавен обвинител пред кој ќе ги повторам нашите барања. А тоа е врз основа н акоја нивна одлука објавија соопштение до медиумите во кое неформално и’ забрануваат на МРТ да ги емитува разговорите што ги објавува опозицијата, рече Ангелов
На новинарско прашање дали е тој човекот што треба да бара оставка од Зврлевски, Англеов одговори дека е тој најсоодветниот човек во Македонија да бара оставка од јавниот обвинител.

– Ако Зврлевски не си иде сам, јас ќе го тргнам заедно со грѓаните, рече Ангелов

Повеќе ТУКА

Слични содржини