(ВИДЕО) Георгиевски: Власта партиски ги дели оштетените од поплавите

од Vladimir Zorba

gror

Поминаа 45 дена од поплавите кои го зафатија овој дел од Скопје и нанесоа голема материјатлна штета на повеќе од 6000 домаќинства. До денес, еднократна помош добиле само 3003 лица што е помалку од 50 % од вкупниот број на домаќинства кои уредно пријавиле штета, вели Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

Од друга страна, постојат сериозни индиции дека јавните ресурси се злоупотребени за партиски цели. Таков е примерот со најавеното асфалтирање на улиците во поплавените подрачја кое започна пред 5 дена. И сами може да се уверите дека механизацијата стои,
а извршено е асфалтирање на пет улици кои немаат никакво оштетување од поплавите.

При поплавата уништени беа 25 километри локални улици и патишта а нивната реконструкција оди бавно, неквалитетно и селективно. По кој критериум се врши асфалтирањето, бидејќи очигледно е дека тоа не се врши според обемот на оштетување?

Наместо да се санираат уништените улиците во Стајковци и Синѓелиќ и да се поправи каналската мрежа, Општина Гази Баба и Град Скопје се водат од партиски интерес, асфалтираат без никакви критеруими и приоритети и вршат предизборен маркетинг и популизам.

Наместо неодговорното и импровизирано работење,потребен е сериозен пристап кон решавање на проблемите, бидејќи граѓаните мора веднаш да добијат реновирани домови и улици.

По 11 декември доаѓа нова одговорна власт на која животот и безбедноста на граѓаните ќе и бидат на прво место. Нема да дозволиме никаква импровизација и нестручност.

Граѓаните ќе добијат одговорни и ефикасни институции.

Слични содржини