(ВИДЕО) Го повлекоа турскиот авион, кој ужасно слета од пистата во Трабзон!

од desk4

Започна операција за повлекување на патничкиот авион, кој скоро слета во Црното Море.

Со специјални кранови го креваа леталото, кое во неделата беше на влакно од трагедија откако излета од пистата на која требаше да слета, пренесуваат светските новински агенции. Сериозниот инцидентот се случи во градот Трабзон.

Турскиот авион излетае од патеката, по падината и застана неколку метри од водите на Црното Море. Подоцна, стана јасно дека причината е проблем со еден од моторите.

“Кога се подготвувавме да преземеме вообичаените маневри за намалување на брзината, десниот мотор одеднаш го забрза движењето за нас од непознати причини”, раскажа пилотот.

Слични содржини