(ВИДЕО) Гол готвач ќе го замени Џејми Оливер во срцата на жените

од Vladimir Zorba

Жешкиот убавец Франко Нориега ги има сите квалитети за да го исфрли Џејми Оливер од срцата на жените, запалени по кулинарска уметност.71367cce5296263832c35a062b2c07c7

Најновиот потфат на поранешниот модел Франко е да нуди лесни ТВ рецепти на дамите во Youtube (на шпански јазик), но претставувајќи ги само по … боксерки и затегнати мускули.

27-годишниот г-дин Нориега е роден во Перу, но се преселил да живее во Њујорк во 2007 година, за да продолжи кариера во модата и театарот. Тој учел во Американската академија за драмски уметности, но во 2014-та решава да ја претвори љубовта кон храната од свое хоби во професија.

Во истата година Франко отвора перуански ресторан во Њујорк, кој се вика “Baby Barsa”, а од неодамна тој си има свој сајт, во кој демонстрира готвачки вештини, но во интересна симбиоза со совршениот изглед.

Непотребно е да се каже дека згодниот шеф веќе стана сензација во социјалните медиуми и има 164 илјади следачи кои се воодушевуваат на највкусните, здрави рецепти … или можеби повеќе на жешкото тело.

 

 

Слични содржини