Група граѓани предводени од лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, денеска се собраа пред Македонската радио телевизија и пред Јавното обвинителство.

obvinitelstvo-dostoinstvo

„Ова е искра“, рече Ангелов, а граѓаните извикуваа барајќи оставка од Јавниот обвинител, Марко Зврлевски и од раководството на МТВ.

Тие се незадоволни бидејќи Јавниот сервис не ја извршува својата функција и не ги објавува снимките кои што на прес конференција ги презентира опозицијата.

Од обвинителот бараат оставка бидејќи МТВ и другите медиуми добија забрана од Зврлевски да ги објавуваат снимките.

Слични содржини