(ВИДЕО) Груевски е мандатар – без надеж дека ќе успее да состави влада!?

од Vladimir Zorba

Николa Груевски по петти пат од кабинетот на шефот на државата излезе како мандатар. Без изјави, без присуство на новинари со половина час доцнење, стартувaат 20-те дена во кои
лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде повторно да направи влада, информира 24Вести.

Сепaк за разлика од досега, сега се чини овопјат многу потешко ќе му оди – ќе се соочи со сеалбанските барања, но и отворено противење на дел од партиите на Албанците за коалиција со него. Колку и дали ќе успее дали да ги испегла различните позиции со довчерашниот партнер или пак платформата на Ахмети ќе биде само алиби да да не се направи влада допрва ќе видиме. Особено по пораките кои вчера Груевски му ги испрати на Ахмети.

Од Мала Речица велат дека реакцијата на Груевски е очекувана за нив. Висок партиски функционер на ДУИ за 24 Вести брифира дека Ахмети чека покана од Груевски за старт на преговорите за нова влада. Истиот функционер вели дека Ахмети ќе се појави со платформата на Албанците, а каков ќе биде исходот од тие разговори, не може засега да се прогнозира.

„Никола Груевски и официјално е мандатар, чекаме покана за преговори како партија што освоивме најмогу пратеници во албанскиот блок. Заедничката платформа на партиите на Албанците е нашиот услов. Во неа нема ништо непознато или неприфатливо за Македонците или за партиите од македонскиот блок. Ние ниту во 2008-та, ниту во 2011 кога седнавме да разговараме незнаевме дали ќе се договориме, но ете формиравме Влада“ – вели истиот функционер.

Целиот текст и видеото можете да го видите тука

Слични содржини