Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Груевски по повод одржувањето на изборите на 5 јуни денеска одржа прес-конференција. Изјави дека морало да запре поделеноста на државата

“Доста беше! Ова е слободна земја! Зад кризата не стојат заложби за демократизација, слобода, туку немоќ и страв и како што рече обид за поткопување на идентитетот и насилна промена на власта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Само со избори волјата на народот може кризата да заврши. Изборите се излез од кризата. Ова е слободна земја. Дев години сме заложници неправедно, затоа што покажувате достоинство и гледате што се случува во државата. Ова е Република Македонија.

-конференција-на-Никола-Груевски

ДС нема да учествува на изборите на 5 јуни

 

Тука не проаѓаат шаблонизирани сценарија. Тука живее горд народ кој си ја сака државата. Не се работи за Никола Груевски или Зоран Заев, се работи за секој еден граѓанин. Не сме безгрешни, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според сите аналитичари, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ. Тоа го знаат сите. И тоа е огромна разлика. Ние веќе не можеме да чекаме. Државата е поделена по сите можни основи и тоа мора да запре. Доста е со поделеноста и кризите. Наше е да решаваме проблеми, а не да бидеме дел од нив. Избори мора да има и ќе има и ние ќе ја понудиме најдобрата програма досега” посочи Груевски

Слични содржини