ВИДЕО: Хајдар Османи 53 години живее во Македонија без државјанство

од Vladimir Zorba
Хајдар Османи иако е роден во Македонија и живее во земјата цел живот, нема македонско државјанство. Тој е татко на 4 деца, но ниту едно од нив нема државјанство. Хајдар боледува канцер. Се жали дека поради неговиот статус на апатрид има потешкотии да ги оствари основните човекови права, пренесува ТВ21.refer

„Моментално 6 години се водам како странец преку невладина организација, 4 деца имам и они немаатдржавјанство. Проблемот е што немам право ни на социјално ни на здравство. Имам извод и такви работи но сепак не ми дават државјанство. Немам право ни да работам а сега и да имам прво не можам со здравјето имам тешка болест од карцином. Не знам кај да се обратам. Благодарениве на невладина организација они ми помогна барем за мене и мојата сопруга привремен престој и странска лична карта“, изјави Османи.

Околу 600 лица без ниту едно државјанство живеат во Македонија, но таа бројка постојано се менува. Ова го тврдат од невладината „Здружение на млади правници. Непознавањето на законите и немањето пари за административните трошоци се главните причини за неподнесување барање за државјанство. Во земјава има втора генерација на апатриди што значи дека и нивните поколенија немаат државјанството. Освен тоа, има деца на апатриди кои се родени во Македонија но не се запишани во матичната книга на родени, вели Александра Ефремова од Македонско здружение на млади правници.

 „Законот за државјанство е усогласен со меѓународни конвенции и пред се на заштита на овие лице со законот е предвидено олесната натурализација односно доколку натурализацијата за странци изнесува 8 години за овие лице 6 години, законски постојан престој во Р.М секако ако ги исполнуваат и другите услови кои што законот ги предвидува, меѓутоа најчесто овие лица за да законско престојуваат на територија на Р.М, не значи да живее само во Р.М туку година за година треба да го регулира престојот“, изјави Ефремова.

Најголемата пречка на овие лица е нивната финансиската состојба , затоа што за вадењето дозвола за престој потребни се 3000 денари за административни трошоци. Повеќето од овие лица се во социјален ризик, а од друга страна ако не го поднесат барањето за обновување на дозволата за престој доаѓа до прекин, па мора повторно да го исполнат рокот од 6 години за олесната натурализација. Инаку според член 3 од Законот за државјанство, во Македонија државјанството се стекнува со: потекло, раѓање на територијата, природување и меѓународни договори.

 

 

Слични содржини