Евро комесарот за проширување Јоханес Хахн , при презентирањето на извештаите за напредокот на земјите аспиранти, појасни што значи условената препорака за Македонија.

“За препораката ситуацијата е прилично чиста.Имаме многу тешка и многу сериозна криза. Не ја поминавме, но имаме патоказ. Во договорот Јуни/Јули многу работи, елементи беа договорени кои треба да се исполнат. Крајниот рок се изборите во Април догодина, кои треба да се одржат на фер и транспарентен, како да кажам во согласност со европските стандарди, начин . И ова треба да биде подготвено но и да се направат други работи.Се е договорено тое се итни реформски приоритети, токму тука треба да видиме прогрес во идните неколку месеци. Не може се да биде исполнето до крајот на април, но многу може да биде направено. Ако се оди добро, а ова е ако сакате “стап или морков” во едно, ние сме подготвени да ја преразгледаме препораката и да омозможиме работите што биле направени да влезат во целосен извештај за започнување на преговорите. Но ако ова е случај и ние како европејци треба да испорачаме.”-изјави Хан

 

Во однос на прашањето зошто ЕК ја критикува Владата во однос на медиумите, кога во државава има много медиуми кои се финасирани од опозицијата, Хан одговори дека е спорно што народните пари се трошат нетранспаретно.

“Треба да се направи разлика кога зборуваме за Владата и за влијанието на Владата, за нешто што се случува не само на Западен Балкан, можеби и ви други европски земји. Владите треба да имаат моѓност да финасираат медиуми , но прашањето е околу транспаретноста како е тоа направено, кои се условите, кои се последиците , ако сакате правилата на игра, како медиумите се финасирани од граѓаните. Финасирањето на медиумите од граѓаните не е погрешно,но треба да се стави во легална структура која е транспаретна која помага на слободата на печатот на слободата медиумите која гарантира диверзификација и која не прави нешто спротивно на тоа. И затоа е ова е нешто што треба да го адресираме ако веруваме дека треба да се направи тоа.”-посочи Хан.

Слични содржини