(ВИДЕО) Хан утре во Mакедонија: Претседателот да почне да се однесува како претседател, а не како портпарол на Груевски

од desk2
Иванов бара нови избори, Груевски да коалицира со Ахмети, Заев мандат за нова Влада и мирен трансфер на власта – ова се позициите кои што шефот на државата, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ќе му ги соопштат утре на еврокоемсарот за проширување Јоханес Хан и европратеничката тројка, информира Телевизија 24.
Аргументи дека очекуваат мирен трансфер на власта и мандат од Иванов на евокомесарот Хан ќе порачаат и идните коалициски партнери на СДСМ.
Иванов ќе го пречека Хан во претседателскиот кабинет, но пораките ги прати уште  денеска од Будимпешта. Решението за политичката криза претседателот го гледа исто како и екс премиерот – во нови избори. Иванов во интервју за „Маѓар хирлап“  неопходен е и нов попис.
„Партиите треба да го бараат решението преку одговорно однесување, а во согласност со Уставот на Република Македонија. Ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија. Се разбира, можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период“, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Претседателот да почне да се однесува како претседател, а не како портпарол на Груевски му порача од партијата на Зоран Заев. Оттаму велат дека еврокомесарот ќе го каже она што цела Европа им го порача на Груевски и на Иванов – дека нивното време е поминато.
„Зошто ни се нови избори, тогаш на Иванов ќе му текне пак да не го даде мандатот. се доведуваме во апсурд. Имавме избори и граѓаните кажаад дека сакаат промени“ – изјави Петре Шилегов.
Груевски кој, пак, последен е на агендата на еврокомесарот, пред изјавата на Хан. Од ВМРО-ДПМНЕ веќе најавија дека Груевски доаѓа со три барања на состанокот – осуда на т.н тиранска платформа, барање да се почитува принципот победник со победник воспоставен со мајскиот договор под покровителство на меѓународната заедница како и деблокада на евроинтеграциите.
Од ДУИ без конкретни детали што очекуваат од еврокомесарот, но велат посетата е во насока на поместување на политичката криза.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини