Грчката полиција на економските мигранти се згалавени на граничната зона, утрово им поделила летоци на неколку јазици со предупредување дека на и околу железничката пруга, каде што е импровизираниот камп на мигрантите кај Идомени, не смее да има ништо.

Грчките власти дел од кономските мигранти од Иран, Пакистан, Мароко, Алжир, Непал со автобуси ги пренесува до Атина, а од таму ги депортира . Дел од мигрантите прифаќаат да бидат вратени назад, а дел сакаат по секоја цена ќе го продолжат патот кон земји членки на ЕУ.

Во последните 24 часа во Македонија влегле 3673 бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан

Дел од грчките медиуми информираат дека во граничното село Идомени, кое е на петстотини метри од границата со Македонија, се печатат фалсификувани докменти во кои пишува дека земја на потекло е Сирија а се продавале по 300 евра.

Слични содржини