ВИДЕО: Херои на хуманоста – волонтерите секојдневно помагаат во погодените подрачја

од Vladimir Zorba

Солзи, гнев, тага и неверување. Илјадници семејства погодени од страотното невреме кое го зафати скопскиот регион сеуште неможат да се справат со последиците кое поплави куќи подруми, дворови, опустошија насади. Целата печалба, целиот труд велат за неколку часа пред нивни очи неповратно заминал.

nevreme-poplava-5Населението со сите сили се уште се обидува да го расчисти теренот, да ја испумпа останатата вода за да може да се санира штетата предизвикана од поројот. Улицата 21 во скопското село Стајковци кое е едно од најпогодените места од поплавата е улица на хоророт. Силата на водата на оваа улица оставила трага во секоја куќа. Однесе и човечки животи. На терен се санираат штетите. Повикот за помош стигна до хуманите граѓани. Нашата камера забележа десетина херои на хуманоста кои неуморно секој ден ја споделуваат судбината на поплавените. Се фатија за лопата. Кој како знае и умее да помогне, да им врати тронка надеж на најзагрозените дека не се сами во битката да го вратат својот живот во нормала.

Борче Бојчевски од Пехчево патува секој ден по околу 400 километри за да им помогне на најпогодените семејства во Стајковци. Го затекнавме во куќата на семејството Трајкови. Ужаснат е од сликата со која прв пат се соочил.

Неколку чекори подолу затекнавме подеднакво тажна слика. Напомош со педесетина сограѓани пристигнал и радовишанецот Ацо Јованов. Миризбата која се шири од поплавените домови и дворови кои сеуште се полни со кал и вода вели е неподнослива. На луѓето порачува мора да им се помогне.

Низ улиците на Стајковци го сретнавме и граѓанскиот активист Владимир Делов. Го оставил неколку месечното бебе на грижа на сопругата и побарал слободни денови од работа за да може да дојде и да им помогне на жителите кои останаа заглавени во вода и кал од водената стихија.

Страотна е глетката и на улицата 11 во Стајковци. Жителите велат се оставени сами на себе. Уништената покуќнина и остатоците од мебелот завршуваат во калливата улица натрупана со отпад. Се чини овде помошта доаѓа најбавно. Тоа го забележа и студентот по медицина Демијан Хаџи – Ангелковски во своите белешки со кои ја прави кризната мапа во погодените подрачја. Ова вели е моќна и корисна алатка со која сите волонтери кои сакаат да помогнат навреме ќе стигнат во најпогодените куќи.

Слична слика видовме и во скопската населба Сингелиќ. Со последиците од водената стихија се справуваат дел од семејствата кои ја испумпуваат водата од куќите и дворовите. Благодарни се што волонтерите не ги заборавија, но разочарани што ги заборави државата.

Секој метар што останува сув го покажува ужасот од невремето. Веста за поплавата Студентот Кирил Мицковски ја примил додека бил во Италија. Потресен од сликите кои му ги пратиле неговите другари се качил на првиот авион и веднаш се упатил кон погодените места. Го затекнавме во расчистување на куќа во населбата Сингелиќ.

Неколку чекори подолу на соседната улицата ги најдовме и дел од активистите на Шарената револуција. Актерката Симона Спировска со денови е на терен. Уморот вели не ја надвладеал, само емоциите.

Заедно со неа беше и активистот Павле Богоевски. Се црпи водата од подрумите, се исфрла ѓубрето и одроните кои што ги затрупаа куќите и дворовите на луѓето. Граѓаните вели Богоевски се хумани, тоа го покажува и се поголемиот број на волонтери вклучени во расчистувањето.

Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи за ударна акција за расчистување на теренот на сите критични точки. Велат увидот на теренот покажува дека само така со организираност , координираност, масовност и голема екипираност ќе може да се расчисти теренот и да се спречат опасностите.14009931_10208471231051517_1213634712_n

Срушени фасади, превртени возила, поплавени дворови и улици, откорнати дрвја се свежа слика по големото невреме. Жителите сеуште се видно потресени. Вакво невреме не паметат досега. Кал и вода сеуште се слева на улиците. останаа заглавени во своите домови или автомобили. ненадејноста и силината на водата, повеќето од луѓето ги најде неподготвени, без можност навреме да реагираат. Сега очекуваат помош од хуманите луѓе. Секоја помош е добредојдена и ќе ја пречекаат со раширени раце бидејќи оваа катастрофа од корен ги смени нивните животи, нивните надежи и планови. Се фокусираат на санирање на штетите бидејќи се ставени пред нов животен предизвик – да го вратат животот во нормала, барем приближно на она на кое со радост се сеќаваа и го живееја пред само седум дена.

Извор: 24 Вести

Слични содржини