(ВИДЕО) Хуманоста потфрла, на овие луѓе им е потребна вистинска помош

од Vladimir Zorba

timthumb (6)

Жителите на поплаваните подрачја револтирани но веќе и помирени дека сиот товар од непогодата сами ќе го понесат. Институциите потфрлија, надлежните покажаа дека не можат да се справат со вакви ситуации. Доаѓаат со џипови, се сликаат, делат памет и заминуваат. Додека во Скопје животот се врати во нормала, овие луѓе живеат без сон, во пеколот, на десетина километри подалеку.

А1он денеска беше на улицата “Антон Велков“ во Стајковци, местото каде се изли целата вода од обиколницата.
Овде дури денеска дојдоа неколкумина да помогнат, но никој не сака да копа кал и да ја исфрла од куќите. Од помош само вода, храна не добива секој, се дели по пријателска основа, и веќе почна да се прават малверзации со пакетите, велат тие.

Три дена се мачат сами да ги изнесат калта и нечистотиите од своите домови кои некаде се и по еден метар. Знаат дека нивните домови не можат да се вратат, ќе треба се ново да се гради и да се купува, а пари се нема ниту за леб. Паричната помош која пристигнува, никој не знае како и каде ќе заврши. Никој не ги внесол во евиденција дека им се целосно оштетени куќите, зашто и не дошол до овде. На овие луѓе им е се уништено, не остана ниту една чинија од имотот кој го поседуваа.

-Уништено е се целосно, ништо немам спасено. Овде да се живее нема шанса, раскажува жена која поплавата ја преживеала во автобус цели четири часа, недалеку од нејзиниот дом.

-Нов намештај, целосно уништен, уште не е ниту исплатен. Битно ги спасивме децата, ги качивме на каминот, големото дете го качивме на машината, а двете помали на каминот за да ги спасиме. Ние ја држевме вратата да не влегува вода, раскажува жена од Стајковци.

Татко на две деца кажува дека морал да ги спасува качувајќи ги на покривот од куќата, од каде девојчето пропаднало со едната нога.

-Баравме помош, се качивме на покривот, а потоа се симнавме. Децата ми се сместени во дом во Автокоманда, немаме услови овде. Ногата на девојчето е изгребана кога пропадна од таванот, но немаше скршеница, рече тој.

13956856_558297424354591_1834675757_n (1)

И тие сите се прашуваат дали државата ќе им помогне финасиски да ги изградат домовите или пак ќе остане повторно се на нив?/извор а1он

Слични содржини