Уште пред една година борците на “Исламска држава” ги предупредиле парижаните за претстојните терористички напади. Во видео упатено до муслиманите во Франција, терористите ги повикуваат да се приклучат на организацијата и да ја удават земјата во крв, пренесе lifenews.ru.

Во клипот објавен пред една година џихадисти зборуваат за подготовка на терористички напади во француската престолнина. На почетокот на видеото борец од групата зборува на француски.Тој ги  повикува сите муслимани да се приклучат на ИД и да започнат да се одмаздуваат за политиката на Елисејската палата во Сирија. Потоа се појавуваат други двајца терористи, кои зборуваат на арапски.-ИГИЛ-предупредили-парижан-о-готовящихся-терактах-год-назад

“Ова е порака до тебе Франсоа Оланд и кон сите кои живеат во Франција. Не заборавајте дека војниците на ИД се насекаде, во секоја точка во светот, и кошмарот дури сега почнува. Ве информираме дека само чекаме наредба да ве експлодираме и донесеме одлуки “, вели џихадистот.” Ти, Оланд, за сè ќе одговараш. Ти испраќаш војници, но сам нема да дојдеш, зашто си кукавица. Чекај, наскоро ние ќе дојдеме за тебе заради сите твои дела и ќе дојдеме со автомати во рацете, со бомби во Париз и Брисел “, вели уште борецот.

Слични содржини