Ви ја пренесуваме целосно-интергално прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев на која ја објави и третата т.н „бомба“ во која се слушнаа телефонски разговори на првиот човек на ДБК Сашо Мијалков со новинарот Драган Павловиќ Латас, како и со сопственикот на Канал Емил Стоименов за апсењето на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски.

Меѓу разговорите, има телефонски разговор и помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и портпаролот Иво Котевски како договараат поненасилни снимки од време на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, каде беше убиен младиот Мартин Нешковски, како да се објавуваат на телевизиите.

– Од разговорите ќе ви стане јасно какви заложници сме сите во сопствената држава, каде нема систем, туку се е издиригирано од таа мала група – фамилијата на Никола Груевски, посочи Заев

Слични содржини