Премиерот Никола Груевски, по објавувањето на „четвртата бомба„ од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција, истакна дека шпионажата ја вршеле професионалци од висок калибар, кои биле високо обучени за такви дејствија, а Македонија била таргет на прислушкување од страна на странска разузнавачка служба.

„Снимано било со тактичка опрема, откако Зоран Заев упати закани кон мене, МВР ангажираше
странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори.
Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу 2 километри, но главно се одвивала
низ Центар околу државните институции„, рече Груевски.

Премиерот посочи дека опремата за прислушкување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот, посочувајќи дека истрагата околу ова се уште трае.

„Македонија била таргет на прислушување од странска служа, а кон средината на 2014 за овие
материјали се заинтересирало и лицето Зоран Заев, кој најпрво со нив се обиде да изнуди
техничка влада. Директните извршители се уапсени. За останатите ќе следи судска постапка„,
додаде Груевски на прес-конференцијата.
На новинарско прашање, за тоа, доколку тезата за странски служби е точна, зошто
ниеден странски амбасадор не е протеран од земјава, Груевски рече дека по завршувањето на
судската постапка ќе се донесе одлука дали нешто треба да се преземе.

Тој за овој случај со прислушувањето вели потребна е правна, институционална и политичка
развршница.

На прашање дали ќе прифати странски посредници за решавање на политичката криза, Груевски
одговори дека за него бил добредојден секој кој и посакува добро на Македонија, а пред
новинарите и децидно потврди дека нема да има предвремени избори.

Запрашан од новинарите, дали со ова е пробиен безбедносниот систем на државата,
Груевски рече дека со вакви случаи се соочуваат и најмоќните земји, а она што било важно е
дека сторителите биле фатени.
Премиерот Никола Груевски, уште посочи дека побарал ПИМ мерки за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако тој од него побарал формирање на техничка влада, односно го уценувал со некакви компромитирачки материјали.

 

Премиерот вели дека лидерот на СДСМ за ова им имал раскажал на 200 луѓе
Премиерот Никола Груевски, на прес конференција во Владата, остана на тезата дека тие не прислушувале, туку Зоран Верушевски во соработка со странски служби и двајца вработени во УБК без знаење на институцијата. Исто така дека нема да го спречува Заев и натаму да ги објавува компромитирачките материјали.

„Ако сакав да го спречам, логично беше да ги прифатам неговите услови. Овде не е игра на Зоран Заев, тој е камиказа, овде улогата е многу поголема.

Дали безбедносниот систем е под сериозна закана? Како и во секоја земја, таква опасност
секогаш постои, и најдобар одговор е токму ваков одговор на институциите. Опозицијата сака
да не не направи монструми, целта им е да мобилизираат народ кој ќе им поверува, да
продолжат со протести и да не киднапира сите нас во тој вртлог„, рече Груевски.

Слични содржини