(ВИДЕО) Исклучени од парно: И регулаторна комисија исто како ДИК си делела високи бонуси

од desk4

Не се само членовите на ДИК кои си делеле бонуси, истото го правеле и членовите на регулаторната комсија за енергетика, обвинија граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење на денешниот 144-ти по ред протест по ред, информира а1он.

Маријан Ненов од граѓанското здружение „Но пасаран“ ги повика надлежните институции да проверат како членовите на регулаторната комисија за енергетика покрај високи плати си делеле и разни надоместоци и награди.

„Бараме да се испита како може да имаатплати од 2000 до 3000 евра? Потоа да се провери како се делеле бонуси, награди и како се договарале кој да оди на скапи службени патувања, со скапи авиони. Згора на тоа имале и службени картички со огромни суми. Зошто им се овие картички и за кои цели се трошеле парите? Добивале надоместоци и за транспорт, иако имаат и шофери и станови тука во Скопје“, рече Ненов од „Но пасаран“.

Слични содржини