ВИДЕО: Иванов не ги прими демонстрантите кои бараат одземање на мандатот на Заев

од desk4

Група македонски здруженија денеска организираа протестен марш со барање претседателот Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев, меѓутоа тие не беа примени во вилата Водно, информира а1он.

Дваесетина членови на здруженијата „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат“ – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет попладнево тргнаа на марш од пред канцеларијата на ЕУ до вилата на Иванов на Водно, но од обезбедувањето добија известување дека тој си заминал, а присутните на тоа бурно изреагираа нарекувајќи го кукавица.

Преку овој протест членовите на здруженијата сакаа да се чуе гласот на македонскиот народ, бидејќи како што рекоа, Македонија била нападната од сите страни.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини