(ВИДЕО) Избори во Општина Аеродром

од desk4

Изборниот материјал подготвен. Комисиите точно на време на своите позиции.  Сите седум Избирачки места во основното училиште Љубен Лапе во  Аеродром беа отворени на време, информира ТВ24.

Според избирачките одбори, набљудувачите, но и она што го видовме на терен гласањето започна без никакви проблеми. Први гласаа членовите на избирачките одбори, а потоа и граѓаните, кои од овие локални избори очекуваат да се подобри квалитетот на животот во Општината, но и во градот.

„Да размислуваме што побрзо да го решиме проблемот со загадувањето, зашто мислам дека е есенцијален проблем за граѓаните на Скопје“,
„Хигиена, зеленио, грижа од „татковците“ на општините“, велат анкетираните граѓани.

Според претседателката на избирачкото место 2689 Татјана Михајловска, до 8 часот излезноста беше мала, но поголем одзив се очекува попладне и пред самото затворање на гласачките места.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини