(ВИДЕО) Изборна КАМПАЊА 2016: Што порачаа лидерите ?

од desk3

timthumb-1

Коалицијата „За живот во Македонија“, предводена од СДСМ, вчера одржа предизборен митинг во Гевгелија.

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа за пратеници во Четвртата изборна единица Зоран Заев рече дека на 11 декември ќе дојде до промена на власта и оти народот ќе си ги врател слободата и демократијата.
Фокусот, според Заев, во иднина ќе биде на младите.

– Со сиот жар и сето внимание ќе се посветиме на нив, да се едуцираат, да добијат работа и да формираат семејство во својата земја, затоа што не само Гевгелија, туку цела Македонија е опустошена. Секој млад човек заслужува и ќе добие гарантирана шанса за живот во Македонија, рече Заев.

Претставуваќи ја програмата „За живот во Македонија“, Заев најави зголемување на субвенциите во земјоделството на 160 милиони евра годишно и нивно делење, како што рече, кога им се најпотребни на земјоделците.

Во програмата е предвидено просечната плата да биде 30 илјади денари, а минималната 12 илјади денари во 2017 и да достигне 16.000 денари во 2020 година.

Опозициската коалиција ветува бесплатно здравство за сите, 140 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија, укинување на екстерното тестирање, повисоки плати во образованието, како и шанса за сопствен бизнис на младите со неповратни 10.000 евра, бесплатен деловен простор и фирма со само едно евро капитал.

grujo1

Да се фокусираме на она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ, на економски развој, суверена држава, самостојна, независна, унитарна, без кантони, на држава со соживот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вчерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Штип.

Најави нови капитални проекти во сите сфери и за сите граѓани, без каква било поделба по етничка основа.

– Сакаме заеднички да одиме на пред, заеднички да ги решаваме проблемите, да ја подобруваме економијата, да се отвораат нови работни места за сите граѓани на Македонија, и за Македонците, и за Албанците и за Турците, и за Ромите, и за Бошњаците, и за Власите и за Србите,…, рече Груевски.

Обвинувајќи го лидерот на СДСМ Зоран Заев дека турка идеја за редефинирање на Македонија, Груевски предупреди дека ако се направи грешка таа ќе биде кобна и нема враќање назад. – Неколкупати ги повторувам работите со кантонизацијата, двојазичноста, федерализацијата. Го повторувам заради една причина, да не ни се случи грешка, рече Груевски.

Според него, со приказната за фантомските гласачи СДСМ 2,5 години го лаже и потценува сопствениот народ. – Велат дека има 500.000 фантомски гласачи и заради сопствениот и партиски интерес ја пролонгираа кризата на штета на сите граѓани. Затоа на 11 декември ќе ја добијат казната од граѓаните на Македонија, истакна Груевски.

Тој порача дека единствена гаранција за завршување на политичката крзиза е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да добијат 63 пратеници.

Осврнувајќи се на изборната програма најави зголемување на платите во јавниот сектор и на пензиите за најмалку 10,25 проценти, раст на минималната плата до крајот на 2020 на износ од 14.000 денари, а во кожарската и текстилната 13.000 денари, земјоделски советници, 140 нови градинки, субвенции за греење на пелети, мерки за поддршка на стопанството…

pavle-gtc
Од митингот на Коалицијата за Промени и Правда, во Гевгелија, Слободан Богоески порача и во Аљаска да побегнете вие од власта, ќе ве вратиме и вас и капиталот што го однесовте во странство. Гевгелија ќе биде модерен европски град, а младите ќе можат да создаваат и творат овде во Македонија.
 gevgelija-1
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, нагласи дека, набрзо Гевгелија ќе се справи со разулавената банда која го тероризира градот и ќе се ослободи од режимот. Проектот ДЕКРИ ќе го имплементираме во целост, ќе го откриеме скриениот капитал стекнат на криминален начин и ќе го вратиме на граѓаните
.gevgelija-koalicija
Со економската програма, предвидуваме 800 милиона евра за економски развој, како и 2% од Буџетот за вработување на младите.
Влез во НАТО и членство во ЕУ,без да се менува Уставот
.gevgelija-demos
Екстерното тестирање ќе го укиниме, за две третини ќе ги намалиме паричните казни, само 100 денара суддка такса, ќе ја укиниме радиодифузната такса
.promeni-i-pravda
Зголемувањето на платите (300 евра најниска), ќе ја зголеми продуктивноста и ќе ги мотивира младите да останат овде во Македонија.
Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Слободан Богоески и за другите кандидати за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда.
Силна и недвосмислена е определбата на граѓаните за промени. Нека објавуваат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ фалсификувани анкети, тоа нема да им помогне, со нас е народот, на 11-ти декември ќе славиме голема победа на чесноста, искуствотото и стабилноста.
На митингот се обрати и Јове Кекеновски, кој рече дека веќе се здружиле федаралистите и тие што цртаат карти за поделба на Македонија. Но ние ќе ги поразиме, Македонија е и ќе биде унитарна држава.
den_doncev_vmro

 

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 на Коалицијата ВМРО за Македонија  Ден Дончев денеска имаше средби со граѓани на Дебар Маало, пред Клиничкиот центар Мајка Тереза и пред ГТЦ.

– Ќе им ставиме крај на урбаната мафија и на криминалот. Порачуваме дека тоа време заврши. Подготвени сме  да ги отвориме сите  теми што се актуелни за граѓаните, а се дел и на платформата на дејствување на коалицијата ВМРО за Македонија, рече Дончев во Дебар Маало.

Според него, Дебар Маало е пример на дејствување на урбаната мафија на сите нивоа на извршната власт, во спрега со градежни фирми.

– Последиците се погубни, видливи на секој чекор, ги чуствуваат сите. Пренаселеноста е повеќепати поголема, намален е квалитетот на живот бидејќи капацитетот на комуналната инфраструктура е несоодветен. Уличките се постојано  раскопани поради приклучоците на новите згради и уништени од камионите што носат градежен материјал. Ако продолжи овој тренд, од Дебар Маало ќе останат само грди висококатници, бетон, многу автомобили, загаден воздух и празни кафеани заради уништената амбиентална вредност на просторот, рече Дончев.

sela-govor1

Коалицијата „Алијанса за Албанците” вчера одржа предизборен собир во Кичево и ги претстави кандидатите за пратеници.

Преседателот на ДР-ДПА Зијадин Села и носител на пратеничката листа во изборната едниница 6 истакна дека се залагаат за промени кои, како што рече, тргнуват и ќе дојдат преку Кичево.

Села упати пораки до лидерот на ДУИ Али Ахмети и наведе, „да не се грижи оти гласот на Албаниците не е обединет бидејќи тој во 2014 година доби 150 000 гласа и не ги одржа ветувањата“.

– Јас сакам да му кажам на Ахмети дека се обединивме бидејќи ние сме коалиција составена од три партии. Тој и некои други одат како единки и тие придонесуват да се горат албанските гласови. Промените тргнуват од Кичево и промените ќе дојдат преку Кичево, рече Села

Слични содржини