Почетна / Видео / (ВИДЕО) Излезе првиот трејлер за новата српска серија „Немањиќи“

(ВИДЕО) Излезе првиот трејлер за новата српска серија „Немањиќи“

Радио-телевизија Србија премиерно го претставува првиот официјален трејлер за најголемиот проект кој Јавниот сервис го реализира оваа година, серијата „Немањиќи-раѓање на кралството“.

Дејствието е сместено во српската држава кон крајот на 12. и почетокот на 13. век. Говори за времето кое претходело на династијата Немањиќи. Акцентот на оваа приказна е и во подигањето на Манастирот Хиландар на Света Гора.

Стефан Првовенчани го толкува Војин Четковиќ, а неговата соруга Ана Дандоло ја игра Слобода Миќаловиќ.

Серијата е снимена во режија на Марко Маринковиќ , според сценариото на Гордан Михиќ, а играат вкупно 218 актери и биле ангажирани 2700 статисти.

Улогата на Стефан Немања ја игра Младен Нелевиќ, Свети Сава го толкува Драган Миќановиќ, Вукан Немањиќ го игра Небојша Глоговац, а во останатите улоги се Горан Султановиќ, Миодраг- Мики Крстовиќ.

Првите кадри се снимени во околината на Манастирот Студеница.

С.В.