(ВИДЕО) Јана Бурческа е бремена и доби прстен на Евровизија

од Vladimir Zorba

Можеби вчерашната вечер за Јана не беше многу успешна на професионален план, бидејќи и покрај тоа што важеше за еден од фаворитите, не успеа да се пласира во финалето на Евровизија, но секако е скапоцена на приватен план.

Прво пред започнувањето на нејзиниот настап, во поздравната шпица, Јана (23) сподели една многу неочекувана вест, имено дека е бремена и наскоро ќе стане мајка. Но, тоа беше битно изненадување најверојатно само за македонската јавност.

За нештата да станат уште подраматични, веднаш по завршувањето на претставувањето на учесниците, нејзиното момче го искористи времето определено за интервју за да ја запроси. Тоа беше всушност првото запросување кое се случило во историјата на фестивалот „Евровизија“.

Веднаш беше споделено видеото од самиот организатор и Јана ако не по песната, се прослави во светските медиуми барем по просидбата.

Како изгледаше овој романтичен гест на големите екрани, оние кои го пропуштија, можат да видат во видеото:

Слични содржини