(ВИДЕО) Јасмин Тукс ќе го носи скапоцениот градник на Викторијас Сикрет 2016

од Vladimir Zorba

Откако ги дознавме долгоочекуваните информации околу местото и времето во кои ќе се одржи церемонијата-спектакуларната ревија на Victoria’s Secret, нè интересираше само уште едно нешто – чија ќе биде честа да го носи скапоцениот градник “Bright Night” Fantasy Bra.2b8f8c6121aeef5670633d38a8cfb8fd

Гладот за информации веќе е заситен, бидејќи брендот официјално го објави моделот кој ќе дефилира со милионскиот градник.

Јасмин Тукс ќе биде ангелот, кој буквално ќе заблеска на модна писта!

Производот е рачно изработен со прикачени дијаманти и смарагди, завршени со 18-каратно злато за оков, а неговата вредност е проценета на 3 милиони долари.

Веста беше потврдена на официјалниот настан на кој Јасмин Тукс во официјален фустан позира до “чудесниот“ градник.

Од Victoria’s Secret претставија и специјално видео, кое можете да го видите тука, а официјалните кадри погледнете ги подолу во нашата галерија.

 

7ae0a719b84dc8ff470f503808176272 4ecfb24663dff3443c4b555cf9c88787 47776123434e8a32ccce59b1dc4d1caf

Слични содржини