(ВИДЕО) Кадри од дрон ја покажуваат силата на потресот на островот Кос, глетката е страшна!

од Vladimir Zorba

Снимките од дрон укажуваат на жестоките опустошувања кои настанаа по потресот на островот Кос. Земјотресот со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Егејското Море околу 1,30 часот во текот на ноќта наспроти петок. Земјотресот беше почувствуван во западна Турција и островите на Грција.

Светските агенции известуваат за две жртви. Повредените се повеќе од 100 во Грција и најмалку 70 – во Турција. Неколку минути по првиот земјотрес во реонот на островите Додеканези – исто така на грчка територија, е регистриран друг земјотрес од 5,1 степени по Рихтер. Во 1:54 часот во западните делови на Турција, земјата повторно се тресеше. Силата на тој земјотрес беше 4,8 степени по Рихтер. Најсериозно засегнат по првиот земјотрес е островот Кос.

Таму има урнати згради. Според првичните информации загинатите биле во бар, откако таванот на просторијата паднал и ги затрупал настраданите лица.

Слични содржини