(ВИДЕО) Како да имате раце како Никол Шерцингер

од Vladimir Zorba

Музичката ѕвезда е позната по страшното тело кое сака да го покажува во стилски, тесни фустани. 

Пејачката имаа 37 години, но сигурно многу помлади жени од неа би ѝ завиделе за фигурата. Се разбира, за постигнување на такво тело се бара многу вежбање.

Никол е љубител на спортот и вели дека сака фитнес сесиите да ѝ бидат различни.

“За време на еден типичен тренинг трчам на трака околу 20 минути, а потоа правам сквотови и стомачни врз фитнес топка” , изјави ѕвездата.

Другата “тајна” на убавицата со која таа ја оформува својата фигура, е хот јогата (при повисока температура).

А, ако сакате да имате раце како на Никол Шерцингер, погледнете во видеото која вежба може да ја пробате.

Слични содржини