(ВИДЕО) Како падна Кратово – бастионот на Социјалистичката партија на Ѕинго?

од desk4

За првпат по независноста на Република Македонија, ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата претрпеа неочекуван пораз во општина Кратово.

Бастионот на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго, на овие локални избори, поддршката ја даде на кандидатот од СДСМ.

Во Кратово, жителите кои не пречкаа на влезот, во неверување коментираат дека се конечно слободни, пренесува ТВ24.

Кај Кратовчани е очигледно задоволството од изборните резултати, а причини за падот на локалниот режим, како што го нарекуваат, имало многу.

Но зад камерите, граѓаните сведочат дека притисоците врз оние кои не буиле поддржувачи на Социјалистичката партија на Ѕинго, биле уште оголеми, и оделе до таму, јабвните простори да не може да ги користат за манифестцаии , аособено не за собирни за кампња за изборите. И покрај огромната желба за промена на локалната власт, додаваат дека нивните очекувања од идниот градоначалник, за решавање на проблемите, се уште поголеми. Кандидатот на СДСМ, Љупчо Бојаџиев, кој победи со разлика од над 1000 гласови, вели дека ја очекувал победата, бидејќи во Кратово, според него, одамна се чувствувала потребата за промени.

„Желбата беше на сите граѓани и како услов, постои мојата кандидатура како непартиски кандидат со цел обединување на сите граѓани. Сите трибини кои ги организиравме беа празник за мене.“ – вели Љупчо Бојаџиев, победник на локалните избори во Кратово.

Приоритетите на Бојаџиев, по сместувањето во градоначалничката фотелја ќе биде решавање на инфраструктурниот хаос и имплементација на проекти кои ќе ги задржат младите во општината.

„Грижа за младите да обезбедиме и капацитети кои работно ќе бидат ангажирани. Вработување во стопанството, а не во администрацијата. “ – вели Бојаџиев.

Во кратово го побаравме и поразениот кандидат, досегашниот градоначалник, Мите Андоновски, но тој не беше во можност да зборува пред камерата на тв 24. Во првиот круг на локалните избори, 57 отсто од гласовите на Кратовчани ги освои кандидатот на СДСМ, Љупчо Бојаџиев односно 3.384, а Мите Андоновски, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во која е и Социјалистичката партија на Ѕинго – 2.274 гласови. До сега во Кратово секогаш на локалните избори победуваше кандидатот на Сцијалистичката партија, но, со различни коалиции.

Слични содржини